Американската стопанска комора во Македонија постои повеќе од девет години. Нивнaта мисија е да дадат поддршка na меѓународните и локалните бизнис ентитети како и да ја промовираат конкурентноста во македонското општество. Тоа го постигнуваат со градењето на силни односи со различните актери во Македонија.
Американската стопанcка комора во Македонија препозна силен партнер во Конект. Нашата соработката се протега повеќе години и на повеќе иницијативи, а од годинава станавме и членка на комората. Ние соработуваме со AmCham во доменот на општествената одговорност на претпријатијата како и во осмислувањето на активностите за донирање на AmCham. Повеќе за соработката со AmCham нашиот текст во списанието Emerging Macedonia издадено од AmCham.
Законска рамка за практиканство
Проценката направена од страна на 15 членки на Комитетот за развој на работна сила во рамки на AmCham, како и иницијалните разговори со Министерството за труд и социјална политика, покажаа дека не постои добра законска рамка која го дефинира практиканството и условите под кои претпријатијата можат да ангажираат практиканти линк до документот. Програмите за практична работа се важен дел од стратегиите за општествена одговорност на претпријатијата во доменот на човекови ресурси. Тие им овозможуваат на претпријатијата да идентификуваат и обучат иден кадар, но воедно ги градат и вештините на невработените лица и овозможуваат нивно интегрирање на пазарот на трудот.
Ние во соработка со Американската стопанска комора (AmCham) инициравме процес за креирање на попродуктивно опкружување за практикантите. Заедно одржуваме консултативни состаноци со Министерство за труд и социјална политика и други релевантни актери за да се одредат можните понатамошни активности особено во насока на директно вклучување на претпријатијата и нивните здруженија во процесот на креирање на законските измени во овој домен.
Повеќе информации за разликите помеѓу волонтирањето и практичната работа како и законската регулатива поврзана со овие прашања може да најдете во нашите текстови во списанието Global HR.






