Aнџелина Џоли

Untitled Document

    Анџелина Џоли се вклучи во филантропски активности во 2001 година, за време на снимање филм во Камбоџа каде дојде лице в лице со тамошната бегалска криза. Таа потоа презема чекори за да посвои син од таму, на кој подоцна му дава име Медокс. Нејзините патувања до оддалечените делови на светот го сврте внимание на јавноста врз милиони бегалци, несреќата со која тие се соочуваат и злосторствата во нивните матични земји.

angelina-jolie-somali-regugees-kenya-02    Откако Анџелина контактирала со Обединетите нации за да понуди помош, таа е прогласена за Амбасадорка на добрата волја на Високиот комесаријат за бегалци на ООН. Во својот мандат како амбасадорка таа ги придружува операциите поврзани со бегалци на УНХЦР во Балканот, Сиера Леоне, Намибија, Танзанија, Кенија, Камбоџа, Пакистан, Еквадор и сириските бегалски кампови во Турција. Поради фактот што медиумите ја следат секаде, таа помогна за свртување на вниманието на светот кон нехуманите услови за живот на речиси 35 милиони бегалци. Најтрагично од сè е тоа што половина од нив се деца.

    Во текот на снимањето во Камбоџа, Анџелина го актуелизираше проблемот со нагазните мини. Таа била шокирана бидејќи сретнала многу луѓе на кои им фалеле делови од екстремитетите поради експлозии на нагазни мини. Таа стана главен борец за ослободување на светот од опасноста од нагазни мини. За време на неодамнешна посета таа лично деактивираше мина што била поставена во близина на место кадешто си играат деца.Angelina_Jolie-LMK-032029

    Џоли е во бордот на фондацијата на Вајклеф Жан Yele Haiti и престојуваше на Хаити многу пати. Во 2011 година таа дистрибуираше помош по земјотресот што го погоди главниот град Порт-о-Пренс.

    Добитничката на Оскар и Златен глобус, не само што го посвети своето време на овие цели, туку исто така, таа лично донира неколку милиони долари годишно на повеќе соодветни организации. 


,,Освен со моите деца, поминатото време низ целиот свет со бегалци и други лица на кои им е потребна помош е најголемиот дар ... Тоа е најголема животна лекција што некогаш сум ја добила."

 

Покрај тоа што е во брак со Бред Пит, има успешна филмска кариера и одгледува шест деца, АНЏЕЛИНА НАЈДЕ ВРЕМЕ. МОЖЕШ ЛИ ТИ? Контактирајте не` на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите за да дознаете како може да направите разлика.

 

 

КОНЕКТ Е ЧЛЕНКА НА

gc2

logo-koord-telo

CSR-Regional-Network

AmCham-logo-jpg

вашата приказна

Доколку со Вашата донација сте решиле одреден проблем во вашето опкружување, или доколку вашето здружение/институција примила донација за важна активност споделете ја вашата приказна како сведоштво за моќта на филантропијата!

 

БАНЕР СПОНЗОР

mesto2

Социјални мрежи

  • Facebook: http://www.facebook.com/?ref=logo#!/pages/Skopje/Konekt/361385096631?ref=ts
  • Flickr: 47934501@N06
  • Twitter: konekt_skopje
  • YouTube: AssociationKonekt
donatorti This website was made possible through support provided by Institute for Sustainable Communities (ISC) with funds from United States Agency for International development (USAID).
Оваа веб страна беше овозможена со поддршка Институтот за трајни заедници (ИТЗ)преку фондови на Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД).