![]() |
| Авторски права © Mark Abraham Преземено со дозвола на FINCA |
Натали Портман, оскаровската ѕвезда од ,,Црн лебед”, која тукушто стана мајка, е посветен поддржувач на FINCA International (Фондацијата за меѓународната помош на заедници), којашто обезбедува микрофинансирање на најсиромашните идни претприемачи, првенствено жени, во земјите во развој.
Како што таа изјавува:,,Тоа дефинитивно прави да сфатиш колку си навистина среќна поради местото каде што си родена и поради можносте коишто ти се дадени." Натали, родум од Израел, откако прочитала пофални зборови за работата во оваа обласн на кралицата Ранија од Јордан, која е Палестинка, изразува желба да работи со нејзе. Кралицата Ранија е претседател на Village Banking (Банки за селата), а Натали е амбасадор за надеж на FINCA.
Тие работеле заедно на многу полезни проекти. Исто така, таа е стога вегетаријанка, која не само што не носи кожа, туку дизајнираше колекција чевли во чијашто изработка не се користи кожа за да им овозможи на другите вегетаријанци да не одат со кожа од животни на нивните нозе. Натали ја донелa одлуката да стане вегетаријанкa кога имала 8 години, бидејќи го видела татко ѝ како презентира ласерска операција на пиле. Сега, како што вели таа, три пати на ден носи одлука да не јаде нешто што било убиено.
Натали е силен поддржувач на Free the Children (Ослободете ги децата), помагајќи за заштита на експлоатирани деца, отстранувајќи ги од опасност и давајќи им можност на одат на училиште. Ова ги охрабрува младите да направат разлика со заедничка работа за ослободување на децата од сиромаштија и експлоатација.
Натали дипломираше на Универзитетот Харвард. Таа ја остави својата филмска кариера да почека, со цел да ги заврши своите универзитетски студии и да се здобие со диплома по психологија. Неколку нејзини академски статии се објавени во научни списанија.
НАТАЛИ НАЈДЕ ВРЕМЕ. МОЖЕШ ЛИ ТИ? За да дознаете како можете да помогнете во вашата заедница стапете во контакт со Конект на: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите







