Тоше Проески

toseРоден е како Тодор Проески на 25 јануари 1981 година во Прилеп, а  израсна во Крушево. Учејќи за класичната музика, на возраст од 12 години привлекува големо внимание со неговиот настап на фестивалот за детски песни ,,Златно Славејче“.

По овој јавен настап, тој е континуирано наградуван за своите моќни гласовни способности. Ова води до пораст на неговата слава што е очигледна кога учествува на музичкиот фестивал Макфест во Штип во 1997 година. Неговиот клуб на обожаватели брзо растеше, а тој продолжи да учествува на фестивали, како Скопскиот и Охрид фест. Во текот на следните неколку години, сними четири најпродавани албуми, одржа низа хуманитарни концерти низ Република Македонија, како и опширни турнеи низ Балканот. Тој  е награден со хуманитарна награда Мајка Тереза, а во 2003 година стана регионален  амбасадор на УНИЦЕФ.

Во 2004 година Проески беше именуван за Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ и го сними хитот ,,Овој свет" што стана химна на УНИЦЕФ. Тоше ја исполнуваше оваа своја позиција со страст и искреност, давајќи бројни хуманитарни концерти и замајќи учество на настани за прибирање средства за деца со посебни потреби и за обновување на Клиниката за детски болести во Скопје. Исто така, помогна да се зголеми свеста за превенција од ХИВ/СИДА меѓу младите луѓе на Балканот._

Последниот концерт Тоше го одржа на 5 октомври 2007 година за Проектот за основно образование на УСАИД. Концертот обезбеди десетици илјади евра за основните училишта во Македонија. Во текот на раните утрински часови на 16 октомври 2007, Проески загина во сообраќајна несреќа на автопатот Загреб-Липовац во Хрватска. На 17 октомври, прогласен е ден на жалост во Македонија. Тоше беше погребан во неговиот роден град Крушево.

In memoriam - за големиот македонски хуманитарец... заминат навистина прерано.

ТОШЕ НАЈДЕ ВРЕМЕ. МОЖЕШ ЛИ ТИ? За да помогне на вашата заедница, контактирајте со Конект на: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

КОНЕКТ Е ЧЛЕНКА НА

gc2

logo-koord-telo

CSR-Regional-Network

AmCham-logo-jpg

вашата приказна

Доколку со Вашата донација сте решиле одреден проблем во вашето опкружување, или доколку вашето здружение/институција примила донација за важна активност споделете ја вашата приказна како сведоштво за моќта на филантропијата!

 

БАНЕР СПОНЗОР

mesto2

Социјални мрежи

  • Facebook: http://www.facebook.com/?ref=logo#!/pages/Skopje/Konekt/361385096631?ref=ts
  • Flickr: 47934501@N06
  • Twitter: konekt_skopje
  • YouTube: AssociationKonekt
donatorti This website was made possible through support provided by Institute for Sustainable Communities (ISC) with funds from United States Agency for International development (USAID).
Оваа веб страна беше овозможена со поддршка Институтот за трајни заедници (ИТЗ)преку фондови на Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД).