Make your donation to make an impact!
Донирај за да влијаеш!
Голем број на претпријатија донираат во заедниците во кои делуваат. Преку донациите, претпријатијата се поврзуваат на единствен начин со луѓето од својата заедница.
Донациите им даваат можност на претпријатијата да го поттикнат создавањето на едно похумано општество и праведен развој кој ќе креира подеднакви можности за сите граѓани!
Донациите се моќна алатка преку која претпријатијата ги поддржуваат прашањата кои ги засегаат граѓаните. Тие им даваат моќ на граѓаните активно да се вклучат во решавањето на проблемите на заедницата.
Конект ја промовира и поттикнува корпоративната филантропија. Веруваме дека донациите од претпријатијата во голем дел треба да бидат насочени кон долгорочно решавање на проблемите во општеството и причините кои ги создале. Ние гледаме на корпоративните донации како на општествена инвестиција. На секое претпријатие, за да изгради долгорочна вредност му е потребна инвестиција и стратешки приод. Истото важи и за донациите. Тие се инвестиција во општеството кои треба стратешки да се осмислат за да се постигнат посакуваните ефекти и влијание без оглед на големината на претпријатието.
Конект им помага на претпријатијата да креираат систематски приод во корпоративната филантропија. Ги советуваме како да ги фокусираат и стратешки осмислат своите практики на донирање за да постигнат поголеми ефекти. Притоа се стремиме корпоративната филантропија да биде интегрирана во целокупната стратегија за општествена одговорност на претпријатието и во неговите деловни практики. Долгорочно, ваквиот приод е подобар за заедницата, а покрај тоа произведува и поголема додадена вредност за самото претпријатие.
Конект обезбедува поддршка и во развивање на модели за вложување во заедницата преку соработка со непрофитни организации. Ги поттикнуваме претпријатијата да гледаат на непрофитните организации како ресурс и партнер, а не само како пасивен примател на нивните донации.
Нашите услуги кон претпријатијата вклучуваат изработка на стратегии за корпоративна филантропија и вложување во заедницата, администрирање и евалуација на програми за донирање, идентификување на исполнителни и доверливи приматели на донации и непрофитни партнери, дизајнирање на “специјални проекти“ итн. Повеќе детали за нашите услуги во овој домен.
Конкретни постигнувања:
- Конект ѝ помогна на Американската стопанска комора во Македонија (AmCham) да развие фокусиран приод на донациите во областите од стратешки интерес за комората. Заедно со AmCham го дизајниравме првиот награден конкурс за социјално претприемништво во Македонија кој ќе стартува во февруари 2010 (линк до тој дел од веб страната). Конект е исто така задолжен и за администрирање на конкурсот.
- За поуспешно реализирање на проектот на ЕВН Македонија „Училишен сервис за разумно користење на енергијата“, Конект го администрира проектот и ја координира соработката помеѓу ЕВН Македонија и четирите непрофитни организации кои ги спроведуваат активностите на терен. Проектот е добитник на Националната награда за ООП за 2008 во категоријата „Вложување во заедницата“/големи претпријатија наградите за ООП






