Соработка со ЕВН Македонија


Училишен сервис „Разумно да ја користиме електричната енергија“

Според  ЕВН, ООП претставува доброволен придонес за одржлив развој. Тие го гледаат одржливиот развој како долготраен континуиран процес. Како одговорна компанија која делува во полето на енергетиката, се соочува со економските, еколошките и социјалните предизвици правејќи баланс помеѓу барањата од различните целни групи.

Еден од стратешките приоди на ЕВН Македонија е насочен кон заштитата на животната средина како приоритет поврзан со делувањето на компанијата. Во соработка со Конект се креира проектот Училишен сервис кој почна со спроведување во учебната 2007/2008 година. Со проектот, ЕВН Македонија се обраќа на најмладите во општеството едуцирајќи ги како разумно и внимателно да ја користат електричната енергија. За нас, во Конект, овој проектот којшто бележи четири успешно спроведени учебни години е од особено значење. Проектот е доказ за тоа дека поврзувањето на ресурсите и целите на претпријатието, во синергија со знаењето и поврзаноста на невладиниот сектор со заедниците, поттикнува позитивни промени во општеството. 

Ние сме имплементатор на проектот и ја координираме соработката помеѓу ЕВН Македонија и четирите непрофитни организации. Организациите Центар за енергетска ефикасност на Македонија (МАЦЕФ) , Младински совет Охрид ,Жетва на знаење од Прилеп и Планетум од Струмица  со свои обучени тимови на едукатори на интерактивен начин им го пренесуваат знаењето на учениците од 9 и 10 годишна возраст во сите основни училишта во Р. Македонија. Сите материјали, како и часовите се изведуваат на македонски и на албански јазик.

3.2.2.2_EVN-zajas_016Учениците учат за изворите и видовите енергија што ги користат во домовите и за тоа како безбедно и разумно да ги користат. Тие стануваат свесни за ризиците од електричната енергија и знаат како да се справат со нив. Ја разбираат потребада од штедење и ги знаат начините за заштеда на електричната енергија. Сето ова учениците го стекнувааат на креативен и интерактивен начин, па затоа градат трајни вредности и се претвораат во вистински мали чувари на своите домаќинства.senze6

Проектот секоја година се надоградува и дополнува со нови содржини коишто не ретко произлегуваат од барањата на самите ученици. . Покрај специјално изработените постери што остануваат во училниците за да се користат како надгледни средства, од втората година на имплементирање организираме награден квиз на крајот од секое полугодие,  како и награден конкурс за ликовни и литературни творби.

Проеттот ги вклучува и децата со попреченост преку здружението Отворете ги прозорците. Тие ги скенираат ликовните и литературните творби за интернет страницата на проектот. На овој начин со практика се промовира употребата на достапни информатички технологии и им се овозможува на децата со попреченост да станат активни граѓани заработувајќи мали приходи со помош на новостекнатите вештини.3.2.2.2_OU_J._B._Tito_Misleshevo_15

Во изминатите четири учебни години беа посетени 287 основни училишта во сите општини низ Република Македонија. На 1.530 часа со знаења и вештини се стекнаа 34.588 ученици. Компанијата ЕВН креираше  посебна веб страна, каде учениците можат да ги погледнат информациите и сликите поврзани со проектот. Проектот е добитник на Националната награда за ООП за 2008 во категоријата „Вложување во заедницата“/големи претпријатија линк до наградите за ООП.

„На тој начин, ЕВН Македонија вложува во градењето на идните генерации на потрошувачи  кои се грижат за животната средина и користењето на ресурсите“

 

КОНЕКТ Е ЧЛЕНКА НА

gc2

logo-koord-telo

CSR-Regional-Network

AmCham-logo-jpg

вашата приказна

Доколку со Вашата донација сте решиле одреден проблем во вашето опкружување, или доколку вашето здружение/институција примила донација за важна активност споделете ја вашата приказна како сведоштво за моќта на филантропијата!

 

БАНЕР СПОНЗОР

mesto2

Социјални мрежи

  • Facebook: http://www.facebook.com/?ref=logo#!/pages/Skopje/Konekt/361385096631?ref=ts
  • Flickr: 47934501@N06
  • Twitter: konekt_skopje
  • YouTube: AssociationKonekt
donatorti This website was made possible through support provided by Institute for Sustainable Communities (ISC) with funds from United States Agency for International development (USAID).
Оваа веб страна беше овозможена со поддршка Институтот за трајни заедници (ИТЗ)преку фондови на Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД).