
YouPlus2 е социјално претпријатие кое со своите активности ќе придонесува кон намалување на невработеноста преку јакнење на капацитетите на студентите и невработените, градење на соработка меѓу студентите и претпријатијата и создавање на 3Д пазар на трудот.
Натпреварот за социјално претприемништво беше организиран од страна на AmCham во соработка со Конект. Натпреварот беше отворен за студентите од сите државни или приватни универзитети. Средствата за реализирање на наградата за победниците беа обезбедени од Македонски Tелеком, Microsoft и CEED.






