Закон за донации и спонзорства

Sutarov-2-malaИницијатива за измени
Конект продолжува со своите активности посветени на носење нов Закон за донации и спонзорства во јавните дејности којшто ќе придонесе во развој на филантромијата во Република Македонија.

Во  2010, Конект започна иницијатива за изменување и допoлнување на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, со цел поттикнување на филантрoпијата и општествената одговорност во Република Македонија.

Конект во соработка со Европскиот центар за непрофитно право и неколку други здруженија на граѓани од земјава го следеа спроведувањето на Законот на основа на што е утврдена потребата за измена. Уследи интензивна комуникација со релевантните институции, а Конект се осврна на потребата од измени на законот и во колумна во „Дневник“. Во март 2010, Конект со поддршка на Националниот институт за демократија организира јавна трибина на која се разговараше за имплементацијата на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности и потребата од негови измени. На трибината учествуваа  пратеници од Собранието на РМ, претставници од Министерствата за финансии и култура, претставници од Управата за јавни приходи, и претставници од бизнис и граѓанскиот сектор. Јавната трибина овозможи платформа за споделување на искуствата од имплементацијата на законот од страна на сите засегнати страни.

Следствено, Конект во соработка со Националниот демоктарски институт, застапуваше во Собранието на Република Македонија со цел да се отвори процес за разгледување на имплементацијата на постоечкиот Закон усвоен во 2006 година.

Како резултат на сите овие активности, помеѓу 1 и 4 јуни 2010, собраниската Комисијата за култура одржа надзорна расправа на тема „Имплементација на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности“ водена од комисијата за култура. Целта на надзорната расправа беше следење на имплементацијата на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности. Успешноста на имплементацијата се разгледуваше од аспект на придобивките за граѓанскиот сектор како и од аспект на искуствата кои претпријатијата во РМ ги имаат при користење на Законот. По расправата, Комисијата за култура на Собранието на РМ усвои заклучоци кои беа проследени до сите релевантни институции.

Nadzorna_rasprava-2-golema

Нов Закон за донации и спонзорства во јавните дејности е основа за развој на филантропијата во Македонија. Затоа, Конект продолжува со своите активности посветени на носење нов Закон за донации и спонзорства во јавните дејности. Поради очигледните проблеми поврзани со толкувањето на Законот од 2006та, тој  не служи за својата цел – поттикнување на правните и на физичките лица повеќе да донираат/спонзорираат.

Новиот закон треба:

  • Подобро да ги дефинира клучните поими (јавен интерес, организации/установи од јавен интерес и др.) во согласност со дефинициите на Законот за здруженија и фондации и други законски прописи;
  • Да овозможи институциите да бидат вистински сервис со поедноставна процедурата за добивање даночни олеснувања;
  • Конкретно да ги прецизира надлежностите на институциите, особено во надлежноста за одредување на јавниот интерес за да се отстрани правната несигурност;
  • Да овозможи изведување на процедурата преку сметководствена евиденција и намалување на обемот на задолжителна документација;
  • Да биде донесен во процедура која ќе ги вклучи сите засегнати страни за вистински да се осврне на нивните потреби.

zakon2

Конект е дел од работната група за изготвување на новиот Закон во рамки на Министерството за правда. Со цел цел да се обезбеди активно учество засегнатите страни и јавноста во изготвувањето на новиот Закон, во втората половина на 2011 и во текот на 2012 година, Конект ќе организира повеќе јавни настани и дебати низ Македонија.

За повеќе индормации:

Резиме на Анализа на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности

Меѓусекторски форум за Законот за донации и спонзорства

Законска рамка за финансиска одржливост на ГО

 

Последно освежено ( Недела, 11 Декември 2011 18:21 )  

КОНЕКТ Е ЧЛЕНКА НА

gc2

logo-koord-telo

CSR-Regional-Network

AmCham-logo-jpg

вашата приказна

Доколку со Вашата донација сте решиле одреден проблем во вашето опкружување, или доколку вашето здружение/институција примила донација за важна активност споделете ја вашата приказна како сведоштво за моќта на филантропијата!

 

БАНЕР СПОНЗОР

mesto2

Социјални мрежи

  • Facebook: http://www.facebook.com/?ref=logo#!/pages/Skopje/Konekt/361385096631?ref=ts
  • Flickr: 47934501@N06
  • Twitter: konekt_skopje
  • YouTube: AssociationKonekt
donatorti This website was made possible through support provided by Institute for Sustainable Communities (ISC) with funds from United States Agency for International development (USAID).
Оваа веб страна беше овозможена со поддршка Институтот за трајни заедници (ИТЗ)преку фондови на Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД).