Проектот "Правна рамка за финансиска одржливост на граѓанските организации" има за цел да ги процени законските прописи за стимулирање активности од јавен интерес и да се обезбеди препораки за подобрување на регулативата и процедурите во врска со Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности.
Донациите и спонзорствата се главни извори на поддршка во решавање на проблемите во многу области од јавен интерес како: образование, спорт, култура, социјални прашања и здравство. Тие се особено важни за финансиска одржливост на граѓанските организации. Законска рамка која ја регулира оваа област е од големо значење поради важноста којашто донациите и спонзорствата ја имаат во нашето општеството.
Подобрена законска рамка ќе обезбеди поттик за донаторите и спонзорите да ја зголемат нивната поддршка. Во исто време, ќе се создадат позитивни услови за одржливост на граѓанските организации кои бават со активности од јавен интерес.
Активностите во рамки на проектот вклучуваат се стремат да обезбедат партиципативен приод во насока на вклучување на сите засегнати страни. Активностите вклучуваат:
- анализа на имплементацијата на сегашната законска регулатива;
- вклучување на секторски работни групи со клучни претставници од бизнис секторот, институциите и оние кои примаат донации и спонзорства за да се дефинираат предизвиците со кои се соочуваат засегнатите страни;
- крос-секторски дебати;
- и медиумска кампања.
Со цел ситуацијата да се поправи, комуникацијата меѓу спонзорите, донаторите, примателите, институциите, носителите на одлуки и пошироката јавност е од суштинско значење, бидејќи сите ќе имаат корист од подобрување на Законот.
Во изминатиот период активностите беа фокусирани на изработка на детална анализа на постоечките даночни олеснувања како и на воспоставување соработка со клучните институции за измените на законот. За таа цел беа реализирани интервјуа и средби со претпријатија, здруженија и фондации и јавни институции. Анализата ќе биде публикувана и набргу достапна и во електронска форма.
Меѓусекторски форум за Законот за донации и спонзорства во Скопје
Меѓусекторски форум за Законот за донации и спонзорства во Прилеп

Проектот е ко-финансиран од Европска унија во рамките на IPA / 2011 / 261-811






