Тимот на Конект беше почестен од понудата на Обединетата македонска дијаспора за да помогне повозрасните граѓани да се чувствуваат потопло оваа зима. Обединетата македонска дијаспора го финансираше набавувањето на пижами, џемпери и/или чорапи за домовите за стари и изнемоштени лица низ Македонија. Во јануари 2011 се опфатија Куманово, Прилеп и Скопје и се израдуваа над 200 лица.

Често во Македонија, постарите лица се категорија на која се заборава. На оние во дијаспората особено им недостигаат нивните баби и дедовци. Старите лица кои живеат во домовите најчесто немаат семејства кои се во Македонија. Како што кажа една мила баба: „Многу сме среќни што сте се сетиле на нас.” Донацијата разведри еден ладен зимски ден. Колку што пижамите направија тие да се чувствуваат потопло, толку нивната воодушевеност што сме се сетиле на нив ги стопли нашите срца.
Доколку имате идеја за слична акција контактирајте не` на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите






