Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата на 26 октомври 2011 година ги додели Националните награди за општествено одговорни практики за 2010 година.
Оваа година, на конкурсот на Националната награда за ООП во Македонија за 2010 со испраќање апликации учествуваа 38 големи, средни и мали претпријатија со вкупно 63 проекти. Од нив, на 11 претпријатија им се додели Националната награда за ООП за 2010 година.
Наградите и плакетите беа доделени за големи и мали и средни претпријатија во 5 категории:- Однос со вработените
- Етичко управување
- Однос со снабдувачи и потрошувачи
- Животна средина
- Вложување во заедницата
Добитници на награди
Кај големите претпријатија за:
Однос со вработените - Македонски телеком и Т-Мобиле Македонија, Проект: САП Модул
и Џонсон Контролс Македонија ДООЕЛ, Проект: Зголемување на задоволството на вработените;
Етичко управување- Алкалоид АД Скопје, Проект: FairWild стандард - круна на 75 годишна традиција на високи вредности;
Однос со снабдувачи и потрошувачи- ФЕНИ Индустри АД, Проект: Транспарентни и фер набавки;
Животна средина- Цементарница УСЈЕ АД, Проект: Биодиверзитет на вештачките езерца во Цементарница УСЈЕ АД Скопје;
Вложување во заедницата- АД Електрани на Македонија, Проект: Декларација за општествена одговорност/донација на оперативен микроскоп за уво, нос и грло и Македонски Телеком АД, Проект: 5 Радио драми.
Кај малите и средни претпријатија за:
Етичко управување- ФАРМАХЕМ –Скопје, Проект: Транспарентност на менаџментотот и вклученост на вработените во носење на одлуки;
Однос со снабдувачи и потрошувачи- Дониа ДОО, Проект: Е-истражување на пазар (на мислењето на добавувачите и купувачите);
Животна средина- Адора Инженеринг ДООЕЛ, Проект: Заедно ја градиме иднината;
Вложување во заедницата- ТТК Банка АД, Проект: ТТК Банка во поддршка на заедницата.
На свеченото доделување на наградите беа присутни над 150 претставници од бизнис заедницата во Македонија. Ова е јасен показател за интересот за општествено одговорните практики, на што ние во Конект како партнери во овој проект сме особено горди.
Националната награда за општествено одговорни практики 2010 е организирана во рамките на проектот: „Општествената одговорност на претпријатијата во РМ“ кој е кофинансиран од Европската Унија, а спроведуван од Министерството за економија во партнерство со: Македонската развојна фондација за претпријатија, Сојузот на стопански комори на Македонија и здружението Конект.
За повеќе информации погледнете:






