Со цел да се слушнат ставовите, мислењата и препораките на сите засегнати страни во процесот на подготовка на измени и дополнувања на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности (донесен во април, 2006 година), здружението Конект организираше Меѓусекторски форум за Законот за донации и спонзорства во јавни дејности на 05 декември 2011 во хотелот Холидеј Ин.
Меѓусекторскиот форум е уште еден чекор кон вклучување на пошироката јавност во процесот на подготовка на измени и дополнувања на Законот, чија примарна цел е да го поттикне придонесот (преку донациите и спонзорствата) на претпријатијата и граѓаните во области од јавен интерес (образование, култура, социјала, животна средина, здравство, спорт итн). Преку тоа, се стремиме да придонесеме за подобрување на животот на граѓаните, здруженијата и фондациите, физичките и правните лица, нивната економска благосостојба и социјална правда.

Активностите, коишто здружението Конект ги започна кон средината на 2010 година, а кои за крајна цел имаат вклучување на засегнатата јавност во процесот на креирање политики,се иницирани врз основа на опсежна и длабинска анализа на Законот, при што се дефинирани неколку главни предизвици кои би требало да ги надмине новото законско решение.
Прочитајте го Извештајот од Меѓусекторскиот форум за Законот за донации и спонзорства во јавните дејности.
Meѓусекторскиот форум се спроведува во рамки на проектот Законска рамка за финансиска одржливост на ГО кој е кофинансиран од фондовите на Европска Унија во рамки на IPA/2011/261-811.
За повеќе информации:- Дневен ред
- Резиме на на анализата на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности
- Проект: Законска рамка за финансиска одржливост на ГО
- Закон за донации и спонзорства - Иницијатива за измени
- Извештај од Меѓусекторски форум за Законот за донации и спонзорства во јавните дејности






