Конференција на Македонската мрежа на глобалниот договор - Иницијатива за зајакнување

   Интензивирање на развојот на општествената одговорност во сите сегменти на општественото живеење, со почитување на принципите на Глобалниот договор на Обединетите нации (ОН), е еден од врвните приоритети на Македонската мрежа на глобалниот договор. Организирана од Секретаријатот на мрежата, (здружението Конект) и Иницијативниот одбор, мрежата одржа конференција со иницијатива за зајакнување на 05.10.2011. Целта на мрежата е понатамошното продлабочување на учеството на приватниот сеткор во развојот на општеството преку разни форми на општествена одговорност.

„Општествената одговорност е сложена проблематика која бара постојано надоградување и следење на потребите на заедницата. Оттука отворениот дијалог и резимирање на досега направеното и компарација со состојбите во регионот е неопходно за успешно продлабочување на соработката и давање на нова вредност.“, изјави Горан Лазаревски национален претставник на Македонската мрежа на глобалниот договор.

   Македонските компании членки на Глобалниот договор на ОН и на Македонската мрежа на глобалниот договор преку своите активности дадоа поддршка на низа проекти кои беа клучни за развојот на одредени сегмени во општеството. Преку едукација, поддршка и соработка, македонските компании во соработка со институциите и невладиниот сектор на локално и централно ниво реализираа низа проекти од клучно значење за поедини општетвени групи, но и за општеството во целина.

UNGC_konferencija_2011„Цементарница Усје А.Д.Скопје како членка на Глобалниот договор преку своите секојдневни активности на различни полиња ја потврдува својата определба да биде конструктивен партнер на локалната заедница и пошироко и активно да учествува во развојот. Наша понатамошна определба е да ја продлабочиме оваа соработка и постојано да ги евалуираме нашите активности со цел истите да ги подобриме. Се надеваме дека нашата иницијатива ќе ја следат и другите компании и ќе се приклучат на Македонската мрежа за Глобален договор. “, изјави Борис Хрисафов, главен извршен директор на Цементарница Усје АД Скопје, компанија која ја поддржа оваа конференција.

   На конференцијата присуствуваа претставници на деловниот сектор, здруженија, претставници на Министерството за економија и претставници на Националното координативно тело за општествена одговорност. Поддршка за продлабочување на соработката на овој план даде и Алесандро Фракасети, заменик на постојан претставник на УНДП, осврнувајќи се на гледиштето на Обединетите нации.

„Очекуваме дека по денешната конференција во мрежата ќе се зачленат и многу други македонски компании кои се посветени на општествено одговорно делување“, изјави Никица Кусиникова, извршна директорка на здружение Конект каде е сместен Секретаријатот на Македонската мрежа на Глобалниот договор.

   На конференција беа презентирани различните аспекти на општествената одговорност во контекст на Глобалниот договор и членувањето во мрежата, како и планот за понатамошни активности на Македонската мрежа на глобалниот договор. Од плодната дискусија произлегоа идеи за понатамошни активности на мрежата.

За повеќе информации:
Агенда
Информација за Глобалниот договор

Поврзани текстови

 

 

 

КОНЕКТ Е ЧЛЕНКА НА

gc2

logo-koord-telo

CSR-Regional-Network

AmCham-logo-jpg

вашата приказна

Доколку со Вашата донација сте решиле одреден проблем во вашето опкружување, или доколку вашето здружение/институција примила донација за важна активност споделете ја вашата приказна како сведоштво за моќта на филантропијата!

 

БАНЕР СПОНЗОР

mesto2

Социјални мрежи

  • Facebook: http://www.facebook.com/?ref=logo#!/pages/Skopje/Konekt/361385096631?ref=ts
  • Flickr: 47934501@N06
  • Twitter: konekt_skopje
  • YouTube: AssociationKonekt
donatorti This website was made possible through support provided by Institute for Sustainable Communities (ISC) with funds from United States Agency for International development (USAID).
Оваа веб страна беше овозможена со поддршка Институтот за трајни заедници (ИТЗ)преку фондови на Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД).