Средба на eвропските локални мрежи на Глобалниот договор

Европските локални мрежи на Глобалниот договор се во редовна меѓусебна комуникација и соработка. Тие преземаат иницијативи коишто го потврдуваат Глобалниот договор како силна иницијатива за одржлив развој. За оваа цел, еднаш годишно, се организира состанок на Европските мрежи кој вообичаено е придружен со тематска конференција од доменот на општествената одговорност на деловниот сектор.

Од 26 до 28 октомври 2011 во Рим се одржа средба на Европските локални мрежи на Глобалниот договор во организација на Италијанската мрежа на глобалниот договор. На оваа средба учествуваше и претставник на Секретаријатот на Македонската мрежа на Глобалниот договор, г-а Никица Кусиникова од Конект.

romeТематската конференција беше концентрирана на заедничките напори на јавниот и приватниот сектор во пресрет на Рио+20. Конференцијата за одржлив развој на Обединетите нации Рио+20 ќе се одржи во Бразил од 20 до 22 јуни 2012. Предвидена е како конференција на највисоко можно ниво и ќе вклучува претседатели и премиери на држави од целиот свет. Се очекува Рио +20 да резултира со конкретен политички документ што ќе обезбеди обновена политичка заложба за одржлив развој. Глобалниот договор на Обединетите нации во рамки на коалицијата „Бизнис акција за одржлив развој“ ќе го претставува гласот на бизнисот на Рио+20, осигурувајќи дека бизнис секторот е препознаен како обезбедувач на решенија за одржлив развој. За таа цел Глобалниот договор на ОН до учесниците на Рио+20 ќе достави Декларација „Corporate Sustainability Leadership: A Framework for Action at Rio+20 and Beyond“ со конкретни препораки.   

Конференцијата се фокусираше на заедничките напори на јавниот и приватниот сектор за одржлив развој од различни аспекти. Темите на настанот беа селектирани и дефинирани во соработка со сите европски мрежи и вклучуваа: Безбедност на храна и одржливо земјоделство; „Зелени“ работни места и социјална инклузија; и Одржливи градови. Освен конференција на овие теми, беше организирана и обука за имплементација за десеттиот принцип на Глобалниот договор, принципот на Анти- корупција.

Вториот дел од средбата беше посветен на вмрежување помеѓу членките на Европските мрежи и предизвиците со кои тие се соочуваат во нивното работење. Беа дискутирани и измените во нивоата на членство и известување за прогресот воведени од страна на Глобалниот договор на ОН и нивните импликации врз членувањето во локалните мрежи на Глобалниот договор. На крајот беше договорено дека во 2012 година годишната средба на Европските мрежи на Глобалниот договор ќе се одржи во Белград во организација на Српската мрежа на Глобалниот договор.

Поврзани текстови:

 

КОНЕКТ Е ЧЛЕНКА НА

gc2

logo-koord-telo

CSR-Regional-Network

AmCham-logo-jpg

вашата приказна

Доколку со Вашата донација сте решиле одреден проблем во вашето опкружување, или доколку вашето здружение/институција примила донација за важна активност споделете ја вашата приказна како сведоштво за моќта на филантропијата!

 

БАНЕР СПОНЗОР

mesto2

Социјални мрежи

  • Facebook: http://www.facebook.com/?ref=logo#!/pages/Skopje/Konekt/361385096631?ref=ts
  • Flickr: 47934501@N06
  • Twitter: konekt_skopje
  • YouTube: AssociationKonekt
donatorti This website was made possible through support provided by Institute for Sustainable Communities (ISC) with funds from United States Agency for International development (USAID).
Оваа веб страна беше овозможена со поддршка Институтот за трајни заедници (ИТЗ)преку фондови на Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД).