Прогласен од Кофи Анан во 1999 и официјално создаден на 26 јули 2000 година во ООН во Њу Јорк, Глобалниот договор претставува иницијатива што ја храбри примената на општествено одговорни политики. Десетте принципи на кои се темели Глобалниот договор ги опфаќаат областите: човекови права, труд, животна средина и борба против корупцијата.
Глобалниот договор на ООН (UNGC) беше активиран во Македонија од страна на УНДП во декември 2004 година. Во моментов Македонската мрежа на глобалниот договор брои 43 компании, невладини организации и други членови. Ова е првата мрежа во земјата целосно посветена на подобрување на општествената одговорност на претпријатијата.
Воспоставувањето на Националното координативно тело за ООП е постигнување што се должи на Глобалниот договор на ООН и служи како пример за институционална поддршка на ООП во целиот регион. Националното координативно тело за ООП, со поддршка на УНДП и други донатори, ја разви Националната агенда за ООП за Република Македонија 2008-2012 што следствено беше усвоена од Владата. Националното координативно тело за ООП ,исто така, ја воспостави годишната Национална награда за најдобри општествено одговорни практики.
Конект, како тековен Секретаријат на Македонската мрежа на глобалниот договор активно работи за нејзиниот понатамошен развој. Имено, оваа година планираме нејзино заживување и поактивно вклучување на членките. Новите активности ќе бидат насочени, пред сè, кон:
- промоција на мрежата и принципите на општествената одговорност на претппријатијата (ООП),
- промовирање на активностите на членките во овој домен,
- размена на искуства и поддршка на членките во унапредувањето на нивните ООП практики,
- проширување на членството.
Новите планови за развој на мрежата бea презентирани за време на Конференција на Македонската мрежа на глобалниот договор.
Доколку сакате да се зачлените во мрежата и/или за повеќе информации пишете на
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Поврзани текстови:
Средба на европските локални мрежи на Глобалниот договор






