
ЈАВЕН ПОВИК БР.1/12 ЗА ПРИБИРАЊЕ НА АПЛИКАЦИИ ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА СОГЛАСНО ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ НА АД ЕЛЕМ – СКОПЈЕ
Средствата за распределба ги обезбедува А.Д Електрани на Македонија- Скопје, одсопствени извори, со седиште на ул.11 Октомври бр.9, Скопје.
Средствата ќе се обезбедат во вид на финансиски средства – спонзорства, донации и сл. и во вид на услуги / материјали обезбедени од страна на АД ЕЛЕМ преку своите подружници и ДООЕЛ-и (хотелско ресторантски услуги, градежно занатски услуги, транспортни услуги,услуги од механизација, материјали и сл.)
Области кои ќе бидат помогнати се:
Здравство и здравствена заштита; Социјална заштита; Спорт; Екологија; Култура и уметност; Образование и наука; Развој на граѓанско општество; и Поддршка на религиозните заедници. Приоритетите во рамки на секоја област се дефинирани во Упатството за пријавување на апликации во делот 1.2. Активностите кои ќе се поддржат во секоја од овие области треба да се насочени кон остварување на поширок јавен интерес и/или подобрување на благосостојбата на пошироката заедница.
Право да достават апликација имаат, сите домашни, физички и правни лица со непрофитен карактер (здруженија, спортски друштва и манифестации, културни друштва и манифестации, религиозни заедници, јавни установи и сл.) кои делуваат во областите кои ќе бидат подржани. Предност ќе имаат правните лица. Физичките лица ќе бидат поддржани во исклучителни случаи кога нивното делување е од особен интерес за Република Македонија.
Секој апликант може да достави само една апликација во рамки на повикот во само една од понудените области.
Предвидени се два типа на поддршка:
- Поддршка I: 120.000 - 360.000 денари
- Поддршка II: 600.000 - 3.000.000 денари
Намената на двата типа на поддршка се образложени во Упатството за пријавување на апликации во делот 1.3.
Апликацијата се состои од формулар за аплицирање и четири прилози. Формуларот за аплицирање може да се добие без надомест на следните интернет адреси: www.elem.com.mk, www.konekt.org.mk или на факс со претходно барање на телефонот 02 3 224 198.
Апликацијата се доставува во писмена форма, анонимно, во еден оригинален примерок, во затворен коверт со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“ - АПЛИКАЦИИ ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА СОГЛАСНО ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ НА АД ЕЛЕМ-СКОПЈЕ. Апликантите своите апликации треба да ги достават по пошта или лично на следната адреса: Здружение Конект, ул. „Вељко Влаховиќ“ 22а-1/2, 1000 Скопје. Рокот за доставување на апликацијата е најдоцна до 28.02.2012 до 16 часот (до овој рок апликацијата да е во архивата на Здружението Конект-Скопје) .
Документи за преземање:
- Јавен повик бр.1/12
- Формулар за аплицирање
- Упатство за пријавување на апликации
- Најчесто поставувани прашања
Дополнителни информации во врска со аплицирањето можат да се добијат во Здружение Конект на тел. 02 3224 198 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите






