Еден од најголемите предизвици на граѓанските организации во Македонија е нивната финансиска одржливост. Постои зголемена потреба секторот да ги диверзифицира своите ресурси и да ја намали зависноста од странските фондови. Во оваа насока, ние во Конект се фокусираме на поддржување на невладините организации (НВОи) во градење на долгорочни, продуктивни релации со локалните донатори. Ние веруваме дека поврзувањето со локалните донатори (претпријатија и поединци) не само што обезбедува значајни ресурси за организациите, туку и ја гради нивната легитимност во заедницата и кај оние на кои им служат.
Како партнер на Институтот за трајни заедници (ИТЗ) во рамки на Проектот за зајакнување на граѓанското општество (ЦССП) www.isc.org.mk ние ги поддржуваме невладините организации да развијат одржливи модели за мобилизирање на локални ресурси базирани на филантропија. Преку ЦССП, ние обезбедуваме мали грантови, техничка поддршка, обука и можности за вмрежување (хиперлинк до Мрежата за прибирање на средства – во изработка) за нашите четири НВОи кои ги спроведуваат пилот проектите. Нашиот приод вклучува:
- Континуирани директни консултации и менторирање во развивање на приодот и адресирање на секојдневните предизвици во комуникацијата со локалните донатори;
- Работилници и дискусии со претставници од бизнис секторот (линк до текстот за обука со бизнис секторот) и експерти од Централна Европа и регионот за начините на кои НВОите можат да развијат ефективна комуникација и соработка со претпријатијата;
- Мрежа за прибирање на средства – платформа која на вработените, волонтерите и активистите во НВОите вклучени во прибирањето на средства им овозможува редовно да споделуваат информации, поставуваат прашања, споделуваат релевантни информации итн. Мрежата исто така ќе претставува алатка преку која ние, во Конект ќе можеме да им даваме информации и поддршка на НВОите по завршувањето на ЦССП.
- Воспоставување на функционален Клуб на донатори, наречен „Пријатели на младите" за градење на континуиран однос со локалните донатори на Младински совет Охрид - линк до тој дел од страната – во изработка;
- Развивање на модел на постојана поддршка од страна на претпријатијата во здружението Отворете ги прозорците преку воспоставување на модел „кум на здружението" - линк до тој дел од страната – во изработка;
- Поддршка на првата Фондација во заедницата во Македонија воспоставена од Фондацијата за развој на локалната заедница Штип www.frlz.org.mk – во изработка;
- Поттикнување на граѓаните на Велес да донираат преку воспоставување на Фонд за поддршка на деца од социјално загрозени семејства во рамки на Фондацијата Фокус од Велес – во изработка.
- На страната на донаторите, ние промовираме позитивни филантропски практики меѓу бизнис заедницата, ги зајакнуваме партнерствата со локалните бизниси и служиме како форум за промовирање на непрофитните организации како ефективни и доверливи партнери за локалните претпријатија во реализирањето на нивните стратегии за донирање.









