На 28 април 2010 год., во Скопје Проектот за зајакнување на граѓанското општество ја организира завршната конференција на која ги презентираше постигнатите резултати.
Во текот на петгодишната реализација на Проектот беа поддржани 150 здруженија на граѓани во 34 општини во Република Македонија.
Проектот се имплементираше од конзорциум предводен од Институтот за трајни заедници, а со финансиска поддршка на Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави. Во конзорциумот членуваа и Европскиот центар за непрофитно право, Конект и Македонскиот институт за медиуми.
На завршната конференција се дискутираше на теми од важност за невладините организации како што се учеството на невладините организации во процесот на донесување на одлуки од јавен интерес и мобилизирање на граѓаните.







