Општествената одговорност на претпријатијата им овозможува на претпријатијата да ги остварат своите деловни цели притоа водејќи сметка за социјалните аспекти и животната средина. Покрај намалување на ризиците со кои претпријатието може да се соочи доколку не води грижа за овие аспекти, примената на ООП може да му донесе и деловна корист на претпријатието.
Инкорпорирањето на ООП може да ја подобри продуктивноста на претпријатието, конкурентноста, имиџот во јавноста но исто така и да ја поттикне иновативноста и да придонесе во развивање на нови продукти и услуги.
Многу претпријатија во светот (на пр. Body Shop, Ben&Jerry’s итн) од почетокот целиот свој бизнис го базираат на општествено одговорни приоди.
Општествената одговорност носи корист и за претпријатието, но и за општеството и животната средина. Поради тоа, Конект преку посебна програмска единица Конект CSR е посветена на промовирање на концептот на општествената одговорност на претпријатијата (ООП) во Македонија.
Во насока на промовирање на ООП, Конект е вклучена во повеќето национални иницијативи во оваа област. Конект е тековен Секретаријат на македонската мрежа на глобалниот договор на ООН и е заменик член на Националното координативно тело за ООП на РМ. Директорот на Конект беше дел од работната група која ја подготвуваше Агендата за ООП на Република Македонија усвоена од Владата на РМ . Исто така сме дел од регионалниот проект на УНИДО за ООП кој е особено фокусиран кон промовирање на ООП кај малите и средни претпријатија. За таа цел УНИДО има развиено посебна методологија наречена РЕАП (Responsible Entrepreneurship Achievement Programme) за која тимот на Конект е обучен и авторизиран да ја користи во работата со малите и средни претпријатија.

Конект е член и на работната група формирана во Македонија за изготвување на коментари на предлогот на стандардот за ООП –ISO 26000 кој треба да биде донесен есента 2010.
Покрај промоцијата на ООП, Конект им нуди и директна поддршка на претпријатијата и во развивањето на нивните стратегии, приоди и извештаи во доменот на ООП и притоа да ги вклучуваат своите засегнати страни. Особено сме специјализирани во изработка на стратегии и проекти во доменот на вложување во заедницата интегрирајќи ги и другите домени на ООП како и донациите на претпријатието. Повеќе детали за нашите услуги во овој домен.
Конкретни постигнувања:
- Во 2009, Конект беше дел од работната група која го подготви концептот и ги организираше Националните награди за ООП за 2008. Исто така, преку Проектот за јакнење на граѓанското општество, ние ги ко-финансиравме наградите. Повеќе за наградите и добитниците на (линк до тој дел од страната).
- Конект во соработка со Американската стопанска комора во Македонија (AmCham) го иницираше прашањето за законската рамка за практикантство во Македонија. Во тек се разговори со Министерството за труд и социјална политика за тоа што е потребно да се направи за претпријатијата да бидат во можност непречено да реализираат програми за практична работа на невработени како дел од нивните ООП практики









