На 10 февруари 2010 се одржа свечената, 13-та седница на Координативното тело за ООП на РМ. Седницата го одбележа двегодишното постоење на Координативното тело. Телото е формирано во 2008 година со одлука на Владата на РМ. Во него членуваат претставници на сите министерства релевантни за ООП, синдикатите, стопанските комори, здруженијата на работодавачи, претставници на НВОи и медиуми.

По повод две-годишнината беше издаден интегрален извештај за работењето на телото „Од иницијатива до регионален лидер“ за периодот 2007-2009 (линк до публикацијата). На свеченоста на присутните им се обрати и г. Џозеф Лесард, Директор на канцеларијата за економски раст на УСАИД. По повод две-годишнината, Координативното тело додели Признанија за покажаниот ентузијазам, подготвеност за соработка и поддршка на активностите на Координативното тело. Добитници на вакво признание беа и Конект и Никица Кусиникова.