ФИЛАНТРОПИЈА и ООП – за подобра иднина!
Конект е непрофитна организација која им обезбедува директни услуги, обуки и консултации на претпријатијата, поединците и нивните семејства во доменот на филантропијата и општествената одговорност на претпријатијата (ООП). Во овој домен сме едни од пионерите во Македонија. Нашиот тим на консултанти поседува големо искуство во работење со деловниот сектор, граѓанските организации и државните институции. Во доменот на ООП, Конект е единствената организација во Македонија која е сертифицирана за примена на методологијата РЕАП (Responsible Entrepreneurship Achievement Program) разработена од Организацијата на ОН за индустриски развој (УНИДО). Покрај постојаниот тим на консултанти, согласно потребите ангажираме и соработници - експерти од Европа и регионот.Предностите од соработката со Конект
- Нашиот приод е индивидуализиран и фокусиран на потребите на корисникот
- Водиме особена грижа за интегрирање на економските и социјалните цели кои корисникот сака да ги оствари
- Воспоставуваме континуирана релација на соработка и поддршка на корисникот која продолжува и по завршувањето на договорената услуга
- Мал, флексибилен тим кој брзо се прилагодува на потребите, процесите и промените кај корисникот
- Големо искуство во идентификување на потребите во заедницата и законската регулатива во доменот на филантропијата, ООП и граѓанското општество
- Поради нашата исклучива фокусираност во оваа област, дел сме од многу регионални и глобални мрежи преку кои постојано ги следиме трендовите во регионот и пошироко и ги вградуваме во нашите приоди
Како непрофитна организација, сите приходи обезбедени од услугите се вложуваат во нашите програми за поттикнување на филантропијата и ООП. На тој начин вие станувате промотори и директно придонесувате во нашите заеднички напори да изградиме општество кое се базира на одржлив развој и хумани вредности!









