Поддршка на поединците и нивните семејства
Доколку Вие и вашето семејство донирате и/или сте заинтересирани преку филантропијата да ги решите проблемите во заедницата и да придонесете за развојот на земјата, ние можеме да ви помогнеме со:
- Утврдување на визијата – двигател на Вашата филантропија и развивање на приод за истата да ја реализирате;
- Поддршка за тоа како со вашите донации да направите долгорочно влијание и да оставите наследство за идните генерации;
- Идентификување и поврзување со исполнителни и доверливи приматели на донации, невладини и други непрофитни организации;
- Доколку имате или планирате да формирате семејна фондација, поддршка во воспоставување на системите и развој на истата (креирање на систем и програми за доделување на грантови, развивање на одбори, градење на капацитетот на персоналот итн);
- Истражување на конкретно прашање во областа од Ваш филантропски интерес (потребите, моменталната ситуација, актерите кои делуваат на тоа поле и сл.);
- Следење на Вашите донации и подготвување на извештаи за нивното користење и ефектите кои ги постигнале;
- Совети за ползување на даночните поттикнувања согласно македонската регулатива (Законот за донации и спонзорства во јавните дејности и др.);
- Поврзување и размена на искуства со други филантропи од Македонија и светот.






