Персоналот на Конект

М-р Никица Кусиникова, Извршна директорка.
Има завршено европски постдипломски студии во областа на компаративен локален развој при Универзитетот од Тренто/Италија, Универзитетот од Регенсбург/Германија и Корвинус Универзитетот од Будимпешта/Унгарија. Магистрира на темата „Филантропија кај дијаспората како потенцијален ресурс за невладините организации во Македонија". Следејќи ја својата примарна струка како дипломиран инженер по електротехника има работено во Македонска Радио Телевизија. Последните тринаесет години работи на раководни позиции и како консултант во меѓународни и домашни развојни програми претежно во доменот на унапредување на демократијата и развој на граѓанското општество. Покрај професионалниот ангажман, Никица е и активист во невладиниот сектор и застапник за правата на животните како дел од Друштвото за заштита на животните „Срна". Во слободното време сака да патува.
Областите во кои донира се: заштита на животните, унапредување на демократијата и човековите права како и сите невладини организации со кои директно соработува.
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Биљана Гинова, Програмски соработник.
Биљана е етаблирана во доменот на хуманиратен развој во Македонија. За време на студиите, пред да се здобие со диплома на инженер по индустриски менаџмент, Биљана била активно вклучена во неколку здруженија во Македонија во областа на човекови и малцински права, образование, животна средина и граѓанско општество. Таа исто така во одреден период го уредуваше уличниот весник „Улица“ кој претставува социјална програма за поддршка на бездомници и социјално загорзени лица. Биљана има работено и на програма за поддршка на развојот на мали и средни претпријатија.
Биљана по потекло е од Битола и е нејзиниот најголем поддржувач. Во моментов таа е светлечката ѕвезда во светот на филантропијата како Програмски соработник во Конект. Покрај ангажманот во Конект, Биљана е член на две планинарски друштва каде го реализира своето хоби.
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Лилиан Мизрахи, Доброволец на Мировниот корпус.
Лилиан е доброволец на Мировниот корпус во Македонија која работи во Конект. Потекнува од Њу Јорк, но поголемиот дел од животот живеела во Лос Анџелес. Во текот на професионалната кариера работела во доменот на телевизиска продукција и во последните 9 години има работено за телевизијата E! Entertainment. Дел од нејзиното портфолио ја вклучуваат организацијата на концертите во рамки на доделувањето на Нобеловите награди, концертите за Олимпијадата 1996, Гала отворањето на Hollywood Bowl, емисијата Животните стилови на богатите и славните (Lifestyles of the rich and famous), Kennedy Center Honors, неколку и најразлични серии. Таа се вклучила во доменот на филантропијата откога станала Претседател на здружението на родители. Значењето и користа од филантропијата ги осознала работејќи на телетони наменети за здружението за мускуларна дистрофија, церебрални заболувања, Детско село и Worldvision fundraisers.
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
 

КОНЕКТ Е ЧЛЕНКА НА

gc2

logo-koord-telo

CSR-Regional-Network

AmCham-logo-jpg

вашата приказна

Доколку со Вашата донација сте решиле одреден проблем во вашето опкружување, или доколку вашето здружение/институција примила донација за важна активност споделете ја вашата приказна како сведоштво за моќта на филантропијата!

 

БАНЕР СПОНЗОР

mesto2

Социјални мрежи

  • Facebook: http://www.facebook.com/?ref=logo#!/pages/Skopje/Konekt/361385096631?ref=ts
  • Flickr: 47934501@N06
  • Twitter: konekt_skopje
  • YouTube: AssociationKonekt
donatorti This website was made possible through support provided by Institute for Sustainable Communities (ISC) with funds from United States Agency for International development (USAID).
Оваа веб страна беше овозможена со поддршка Институтот за трајни заедници (ИТЗ)преку фондови на Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД).