Основачи на Конект
Горан Булдиоски е програмски директор во Think Tank Fund на Институтот отворено општество од Будимпешта. Неговата експертиза е во доменот на: стратешко планирање и градење на капацитетите на невладините организации и независните центри за јавни политики, организациски и проектен менаџмент во непрофитниот сектор како и во развој на демократски и партиципативни промени во политиките во Централна и Источна Европа (ЦИЕ). Горан претходно има работено во Советот на Европа, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Националниот Младински совет на Македонија. Има напишано бројни статии и истражувачки документи осврнувајќи се на истражувачките центри за јавни политки во ЦИЕ. Неговите последни текстови се „Овозможување на истражувачките центри за јавни политки да го работат она што најдобро го знаат" побликуван од Alliance Magazine, „ Истражувачките центри за јавни политки и реформите во Централна Европа" публикуван од LSE_UNDP Development and Transition Newsletter и „ Истражувачките центри за јавни политки: отплеткување на Гордиевиот јазол во истражувањето на јавните политики во Западен Балкан" публикуван од Western Balkans Security Observer. Редовно се обидува (понекогаш неуспешно) да ги сподели со јавноста своите размисли за развојот на истражувачките центри за јавни политки и креирањето на политики во ЦИЕ на неговиот личен блог: http://goranspolicy.com/.
Катерина Хаџи-Мицева Еванс работи како Постар Правен советник во Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ). Таа спроведува програми за правни реформи кои ги засегаат организациите на граѓанското општество (ОГО) во земјите во Европа, Кавказот и др. Катерина обезбедува поддршка во развојот на политиките кои имаат влијание на развојот на ОГО, односите влада – ОГО, волонтерство и учество на јавноста. Таа одблиску соработува со владини претставници, ОГОи, судии, правници и меѓународни организации. Спроведува компаративни и национални истражувања, обезбедува правна поддршка и ги гради капацитетите на локалните актери за правни прашања поврзани со ОГО. Катерина има развивано компаративни анализи во повеќе земји во однос на правната рамка за волонтерството, отчетноста и транспарентноста на ОГО, соработката помеќу владата и ОГО. Таа има учествувано во изготвувањето на публикации кои ги промовираат ново-усвоените закони и има пружано поддршка во развојот на регулативи за спроведување на овие закони.Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Кристина Хаџи-Василева има повеќе од десетгодишно искуство во развојниот и граѓанскиот сектор, работејќи за македонски граѓански организации и меѓународни организации како УСАИД, ЕАР, ОБСЕ и SDC. Во моментов таа раководи со проектната канцеларија на програмата „Форуми во заедницата" која промовира граѓанско учество во донесувањето одлуки на општинско ниво. Нејзината експертиза е насочена кон областите на родова еднаквост, реформа на локалната самоуправа и децентрализација како и во развојот на граѓанското општество.Хаџи-Василева е дипломиран филолог по македонски и турски јазик и има магистрирано Родови и етнички студии на Универзитетот „Гринич" во Лондон.
Кристина е претседателка на Македонската асоцијација на Чивнинг стипендисти и е неодамнешен обожавател на Фејсбук , а дологодишна прјателка на коктелот Куба-либре. Таа е сопруга на Филип и мајка на Дамјан.
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Марија Тодорова има повеќе од десетгодишно искуство во развојниот и граѓанскиот сектор, работејќи за УСАИД, ОН, ЕУ и ДфИД. Во моментов е Лектор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, каде што предава Глобално разбирање и предмети од областа на преводот и комуникациите. Исто така, таа е и преведувач од англиски јазик, специјализирана за литература за деца. За нејзините преводи е добитник на Националната награда за книжевен превод „Златно перо" (2007) и Наградата за превод на Зимскиот саем на книгата (2008).Тодорова е членка на Меѓународната асоцијација за преведувачки и меѓукултурни студии, Сојузот на книжевни преведувачи на Македонија и на Мрежата на европски мировни научници.
Дипломиран филолог по англиски јазик и литература и македонски јазик - преведувачка насока, Марија Тодорова има магистрирано Мир и развој, а во моментов работи на докторат од истата област на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје.
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
М-р Никица Кусиникова ја обавува функцијата Претседателка, односно Извршна директорка на Конект. Никица има завршено европски постдипломски студии во областа на компаративен локален развој при Универзитетот од Тренто/Италија, Универзитетот од Регенсбург/Германија и Корвинус Универзитетот од Будимпешта/Унгарија. Магистрира на темата „Филантропија кај дијаспората како потенцијален ресурс за невладините организации во Македонија". Следејќи ја својата примарна струка како дипломиран инженер по електротехника има работено во Македонска Радио Телевизија. Последните тринаесет години работи на раководни позиции и како консултант во меѓународни и домашни развојни програми претежно во доменот на унапредување на демократијата и развој на граѓанското општество. Покрај професионалниот ангажман, Никица е и активист во невладиниот сектор и застапник за правата на животните како дел од Друштвото за заштита на животните „Срна". Во слободното време сака да патува. Областите во кои донира се: заштита на животните, унапредување на демократијата и човековите права како и сите невладини организации со кои директно соработува.Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите






